Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски до западните партнери: Не му верувајте на Путин, најисплатливо за НАТО е да ја прими Украина

/

пред 612 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер Доналд Туск разговарале за условите за траен мир во Украина.

Се сложиле дека преговорите со Путин не може да почнат без Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

  • „Го известив премиерот за разговорите со претседателот Трамп. Разговаравме за клучните пораки и потребата од координација на европските ставови со цел да постигнеме успешни резултати за цела Европа“, рече Зеленски.

Нагласи оти Украина мора да преговара од позиција на сила, со цврсти безбедносни гаранции и членство во НАТО, што би било „најисплатливо за партнерите“.

Додаде дека уште една клучна гаранција е сериозно вложување во украинската одбранбена индустрија.

Зеленски, исто така, ги предупреди светските челници да „не веруваат на тврдењата на Путин дека е подготвен за завршување на војната“.

Европа мора да биде вклучена во преговорите за мир во Украина, бара Писториус

Руте: На Украина никогаш не и било ветено членство во НАТО

Лидерите на НАТО никогаш не ѝ ветиле на Украина членство во Алијансата доколку постигне мировен договор со Русија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

  • Мораме да се погрижиме Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но на Украина никогаш не и беше ветено дека ќе стане дел од НАТО како дел од мировниот договор, рече Руте.

Европските лидери тврдат дека една од причините зошто треба да бидат вклучени во преговорите е тоа што Вашингтон јасно стави до знаење дека очекува од нив да дадат безбедносни гаранции за секој мировен договор, што може да значи распоредување на европски трупи во Украина.