Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски до западните партнери: Не му верувајте на Путин, најисплатливо за НАТО е да ја прими Украина

/

пред 613 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер Доналд Туск разговарале за условите за траен мир во Украина и оти се сложиле дека преговорите со Путин не може да почнат без Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

„Го известив премиерот со разговорите со претседателот Трамп. Разговаравме за клучните пораки и потребата од координација на европските ставови со цел да постигнеме успешни резултати за цела Европа“, рече Зеленски.

Нагласи оти Украина мора да преговара од позиција на сила, со цврсти безбедносни гаранции и членство во НАТО, што би било „најисплатливо за партнерите“. Додаде дека уште една клучна гаранција е сериозно вложување во украинската одбранбена индустрија.

Зеленски, исто така, ги предупреди светските челници да „не веруваат на тврдењата на Путин дека е подготвен за завршување на војната“.