Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците „решително“ да одговорат на новите ноќни напади на Русија низ Украина, во кои загинаа најмалку четири лица. Тој изјави дека руската војска извела напади со над 400 беспилотни летала и 40 ракети.
Русија мора да биде повикана на одговорност. Од првите минути на оваа војна, тие бомбардираа градови и села за да уништуваат животи. Сега е време кога Америка, Европа и светот можат заедно да ја запрат оваа војна со притисок врз Русија, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Најмалку три лица загинаа синоќа во Киев во руски напад со беспилотни летала и балистички ракети, соопштија украинските власти.











