Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски на средба со Кошта- Украина „де факто се интегрира во Европската Унија“

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја „де факто се интегрира во Европската Унија“, додека учествуваше на состанокот на Конгресот на локални и регионални власти на Украина со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, во Ужгород, Украина, јави АП.

  • „Работиме на отворање кластери – постигнуваме резултати и тоа го правиме заедно со Европската Унија. Сите наши програми за соработка функционираат денес: одбраната пред сè, енергијата, програмите за буџетска стабилност, кои се толку важни за поддршка на нашите луѓе“, рече Зеленски додека се обраќаше пред Конгресот.

Кошта во својата изјава пред конгресот нагласи дека „иднината на Украина е во Европската Унија“.

  • „Реформата на децентрализацијата што дава поголема моќ на локално ниво е од витално значење за приближување кон ЕУ. Ве охрабрувам да продолжите да го зајакнувате локалното донесување одлуки и да градите капацитети на регионално ниво“, додаде тој.

Во Ужгород, Зеленски, исто така, се сретна со шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, која ја посетува Украина по втор пат откако ја презеде функцијата.

Според Кабинетот на украинскиот претседател, страните разговарале за поддршката на Украина и подготовката на нов пакет за одбрана.