Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: На Украина и треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

/

пред 662 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев.

Многу е важно што САД сега да ги зголемуваат резервите. Ова е неопходно за да се изедначи ситуацијата. Благодарен сум на нашите партнери, а темпото на снабдување треба да биде такво што ќе го забави темпото на руските напади, рече Зеленски во неговото редовно вечерно обраќање.

Украинскиот претседател истакна дека на Украина и треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека му наложил на Пентагон да продолжи да ја зголемува испораката на оружје за Украина.

Тој додаде дека во последните месеци Вашингтон префрлил стотици проектили за противвоздушна одбрана, а уште повеќе се на пат за испорака.