Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски најави зајакнување на воените капацитети со беспилотни летала

/

пред 1023 дена

Сподели преку :

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека украинските власти подготвуваат нови форми на соработка со партнерите со цел да ги зајакнат воените капацитети со дронови.

Следната недела планираме значајни меѓународни состаноци и нови форми на соработка со партнерите, особено во однос на беспилотните летала, во смисла на зајакнување на нашите способности во користењето на беспилотни летала и во спротивставувањето на руските беспилотни летала, како и во зајакнувањето на способностите на радио-електронска војна, рече Зеленски, пренесуваат украинските медиуми.

Зеленски вчера одржал многу состаноци, меѓу кои и состанок за безбедносните гаранции, што, според него, е еден од клучните приоритети на украинската влада. Тој додаде дека вчера утврдиле какви резултати треба да постигнат во блиска иднина.

Данските власти соопштија дека ќе донираат 19 американски борбени авиони Ф-16 на Украина во вториот квартал од 2024 година, кога ќе заврши обуката на пилоти.

Данска, која ги заменува своите Ф-16 со помодерни Ф-35, и вети на Украина 19 авиони. Холандија, која учествува во обуката на украинските пилоти, ќе обезбеди 42 авиони, но не се знае точно кога.