Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски потпиша договор за безбедност, Брисел со поддршка, додека во Харков се нижат нови жртви

/

пред 877 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша билатерален договор за безбедност во Брисел. Според договорот, Белгија на Украина ќе и обезбеди 30 воени авиони, а првите испораки се очекуваат на крајот на оваа година.

Министрите за одбрана на Европската унија се состануваат во Брисел, за повторно да се обидат да ги надминат приговорите со Унгарија и да обезбедат воена помош за Киев.

Според Борел потребно е да се воспостави сооднос помеѓу националниот интерес и начинот на дејствување на државите, преку одлуките кои се блокираат од нивна страна.

,,Знаете дека ситуацијата на бојното поле достигнува критична фаза. Тоа не е тајна. Русија отвори нов фронт на север и се бори, обидувајќи се да напредува кон Харков, а во исто време систематски бомбардира цивилни цели, не само во Харков, туку и во правец на Киев. Оваа ситуација ја прави нашата воена помош уште поважна, клучна, критична”, изјави Џозеф Борел, висок претставник на Европска Унија.

Во регионот Харков бројот на жртви се искачи на 16, а десетици беа повредени, откако, во двоен ракетен напад со руски проектил, беше погодена продавница за градежен материјал, правејќи пустош.

Шолц е длабоко скептичен по сугестијата на Макрон дека европските копнени трупи, може да се вклучат во војната во Украина. Мировните активисти планираат протест во Минстер, за да демонстираат против испораката за оружје на Украина, а анти-нуклеарните демонстранти треба да демонстираат против плановите на Франција да ги прошири своите нуклеарни централи.