Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Предуслов за продолжување на преговорите е враќање на ситуацијата на 23 февруари

/

пред 1612 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сѐ уште е отворен за преговори со Русија, но го повтори ставот дека Москва мора прво да ги повлече своите сили на позициите пред инвазијата.

Зеленски денеска во видео обраќање во институтот „Чатам Хаус“ во Лондон рече дека предуслов за преговорите е „враќање на ситуацијата на 23 февруари“, ден пред почетокот на руската инвазија.

„Во таа ситуација ќе можеме нормално да почнеме да разговараме за работите“, а Украина би можела да користи „дипломатски канали“ за да ја врати својата територија.

Британската влада, клучен сојузник на Украина, смета дека Русија мора да биде потисната од цела Украина, вклучувајќи го и Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

И покрај засилениот напад на Русија врз источниот регион на Украина, Донбас, Зеленски рече дека се уште има простор за дипломатија.

„Сите мостови сѐ уште не се уништени“, рече тој зборувајќи фигуративно.

На прашањето дали Русија наскоро ќе ја преземе целосната контрола над опколениот Мариупол, Зеленски рече: „Мариупол никогаш нема да падне. Не зборувам за херојство или нешто слично. Нема што да падне таму, градот е веќе уништен“.