Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Разговорите меѓу САД и Украина следната недела ќе бидат “значајни”

/

пред 591 дена

Сподели преку :

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази надеж дека разговорите кои ќе се одржат следната недела меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија, ќе бидат „значајни“. Зеленски, кој ќе биде присутен во Саудиска Арабија, но нема да учествува во разговорите, изјави дека Украина работи на постигнување „брз и траен мир“.

Американскиот тим, предводен од специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, ќе води дискусија преку која треба да се изнајде рамка за мир и како да се заврши војната меѓу двата завојувани соседа.

Зеленски се наоѓа под притисок од САД да направи отстапки пред потпишувањето на договорот за минерални суровини, додека истовремено бара цврсти гаранции за безбедност за Украина. Тој изрази жалење по неуспешната средба со Трамп минатата недела, при што САД ја прекинаа воената помош за Украина и престанаа да споделуваат разузнавачки информации.

Зеленски побара од глобалната заедница да врши поголем притисок на Русија за да го прифати мирот.