Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски со порака до Орбан: Ако не нè поддржувате, барем не нè блокирајте

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот унгарски колега Виктор Орбан да не го блокира пристапувањето на неговата земја во ЕУ, објавија француските медиуми.

„Навистина би сакале унгарскиот премиер да нè поддржи или барем да не нè блокира“, рече Зеленски на форумот на „Еуроњуз“ за проширувањето на ЕУ во Брисел.

Украинскиот претседател додаде дека би сакал неговата земја да се приклучи на ЕУ пред 2030 година, но дека неговата земја ќе прифати само „полноправно членство во Европската Унија“.

„Ако зборуваме за членство во ЕУ, тоа мора да биде полноправно. Ми се чини дека е многу важно да имаме еднакви земји на иста маса“, рече Зеленски.

Тој додаде дека е важно членките на ЕУ да делат „слични вредности“.

„Важно е да делат слични вредности. Според мене, не можете да бидете полу- или делумен член на Европската Унија“, додаде Зеленски.

Зеленски, исто така, ги повика САД да останат отворени за снабдување на Киев со оружје со долг дострел за неговата воена кампања против Русија.

Украинскиот претседател им се обрати на делегатите на состанокот за проширување на ЕУ преку видеоконференција од регионот Покровск, во источна Украина, од каде, исто така, повика на повеќе санкции против Русија, вклучително и врз нејзиниот гасен и нуклеарен сектор.