Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Време е војната да заврши, Украина подготвена за преговори

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека е време војната да заврши и дека Украина се залага за праведен и достоинствен мир.

По разговорот со германскиот канцелар Фридрих Мерц, тој изјави дека Киев и Берлин имаат усогласени ставови и дека Европа мора активно да учествува во мировните процеси, бидејќи безбедносниот исход ќе ја одреди иднината на континентот.

Зеленски најави онлајн состанок со безбедносни советници од Украина, Европа и САД за координација на ставовите, како и можни билатерални и трилатерални средби на високо ниво.

Тој нагласи дека Украина не се плаши од дијалог и очекува слична подготвеност и од Русија, додавајќи: „Благодарен сум на сите што помагаат.“

Mеѓувреме, во Киев преовладува скептицизам за најавената можна средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. Додека дел од граѓаните го поддржуваат дипломатскиот процес, други сметаат дека Украина е исклучена од преговорите и дека исходот од ваква средба е неизвесен.