Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

/

пред 105 дена

Сподели преку :

АД МЕПСО ги повикa земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.

  • Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите
  • Не поставувајте цевководни системи за наводнување во далекуводните траси и под проводните јажиња
  • Не ги кревајте металните цевки во близина на проводниците, бидејќи металот е проводник на електрична енергија
  • Не го поставувајте прскалките за наводнување под проводниците и во безбедносните коридори на далекуводите. Допирот на водениот млаз со проводниците може да предизвика сериозни последици и да го загрози човечкиот живот
  • Не палете стрништа во близина на далекуводи, бидејќи пожарите можат да предизвикаат прекини и оштетувања во електропреносниот систем.

Дополнително, апелираме до спортските риболовци да бидат внимателни при користење на риболовните стапови во близина на далекуводите, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите и заштитните коридори на далекуводите.