Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделците во Грција денеска повторно го блокираат Евзони

/

пред 285 дена

Сподели преку :

По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците во Грција од денеска одново ги вратија блокадите на повеќе места низ земјата.

На Евзони, пред 12 и 30 часот по локално време, трактори на грчка страна го затворија граничниот премин за сите возила, а според информациите на МИА, сообраќајот ќе биде во прекин до 15 часот по македонско време.

Потоа границата ќе биде отворена на два часа, а земјоделците одново ќе постават блокада од 17 до 21 часот по македонско време.

Граничните премини Ники – Меџитлија и Дојран, за сега се отворени за сообраќај.

Не е исклучено и утре повторно да има две четиричасовни блокади на Евозони во истиот период како и денес, односно сообраќајот да биде во прекин во периодот меѓу 11 и 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време.

Според најавите, од вторник до петок, поради Нова Година, се очекува одново да бидат отворени сите автопатишта и гранични премини, за да се олесни патувањето на граѓаните.

Протестите на земјоделците траат речиси еден месец, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.