Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на јужниот брег на островот Куба, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба, соопшти Американскиот институт за Геофизика (УСГС).

Епицентарот на земјотресот бил на 14,2 километри под океанот, на околу 35 километри од брегот на Бартоломе Масо и 175 километри од Сантијаго де Куба.

Националниот центар за сеизмолошки истражувања на Куба и локалните власти го потврдија земјотресот, но со јачина од 5,4 степени и додаде дека следеле помали потреси.

Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.