Два земјотреси со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на две различни локации, едниот во близина на Атина, другиот во морскиот дел југоисточно од Крит, беа регистрирани рано утрово .
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, земјотресот во близина на Крит беше кусо пред 9 часот по локално време, а вториот, 23 минути подоцна со епицентар четири километри југозападно од градот Тива, во близина на Атина, што беше почувствуван и во грчката метропола.
Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.











