Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зендели во „Топ тема“: Државата да воведе кризен данок за 100-те најуспешни компании

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Владата да го следи примерот на Унгарија и на Полска и да воведе т.н. кризен данок за 100-те најуспешни компании, предложи Касим Зендели од Комората на северозападна Македонија во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Нека види владата кои компании се најуспешни и најпрофитабилни во Македонија. Во услови на зголемена каматна стапка, што значи зголемување на цената на парите, во насока на намалување на инфлацијата, народот и компаниите треба да платат повисока камата. Со тоа банките ќе имаат поголем приход од камата и ќе излезат со поголем профит, па државата треба да воведе кризен данок кон нив за тие пари пак да ги врати во Буџетот, кај народот. Нека оди тоа во круг“, истакна Зендели.

Тој истакна дека производителите на прехранбени производи, како брашно и млеко, не треба да бидат под голем притисок од владата, туку трговците и банкарскиот сектор.

„Нека оданочува таму каде што има повеќе профит. Нели сме во криза, кризни мерки, нека се полни буџетот, а не само да се задолжуваме надвор, бидејќи пак ние треба да ги враќаме тие пари. Секое бебе што раѓа денес, утре во Македонија, се раѓа со печат на челото дека должи 5.000 евра, без вина, без ништо“, објасни Зендели.