Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемено нивото на безбедност во БИХ по нападот во Босанска Крупа

/

пред 726 дена

Сподели преку :

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак денеска изјави дека по нападот во Босанска Крупа, кој властите го окарактеризираа како терористички, нивото на безбедност е подигнато и дека присуството на полицијата на терен ќе се зголеми.

Во полициската станица во Босанска Крупа, 15-годишник синоќа уби еден полицаец, а рани друг.

Исак за БХРТ изјави дека единствено што може да порача е дека полицијата ќе направи се за да се подигне нивото на безбедност и граѓаните да бидат сигурни.

Полицијата максимално ќе биде на терен за да ги лиши од слобода сите лица кои вршат криминални дејствија. Ќе работиме и на максимална превенција во вакви случаи. Останатото е во надлежност на обвинителството и судовите кои треба да изречат максимални казни за вакви случаи, додаде Исак.

Портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ за Klix.ba изјави дека точните причини и мотиви за нападот ќе бидат утврдени по истрагата. Бегановиќ рече дека обвинителството смета дека нападот има елементи на кривично дело тероризам.