Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемено нивото на Вардар во Велес, 42 сантиметри за 24 часа – реката се излеа на двете страни на кејот

/

пред 277 дена

Сподели преку :

Последните обилни врнежи од дожд во изминатите денови предизвикаа зголемување на нивото на реката Вардар во Велес, која денеска е излеана на двете страни од кејот.

На мерното место кај Стар мост, утрово во 7:30 часот, биле измерени 182 сантиметри, што е за 42 сантиметри повеќе во споредба со вчера, кога нивото изнесувало 140 сантиметри, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Критичната точка за целосно излевање на Вардар во Велес изнесува 259 сантиметри, додека просечното ниво на реката за месец јануари во изминатите години било околу 82 сантиметри.