Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жарко Миќин избран за нов градоначалник на Нови Сад- на опозицијата не и беше дозволено да присуствува

/

пред 602 дена

Сподели преку :

Советниците на владејачката коалиција предводена од Српската напредна партија (СНС), во која се и Социјалистичката партија на Србија и Алијансата на Унгарците од Војводина, го избраа Жарко Миќин за нов градоначалник на Нови Сад.

На седницата присуствуваа само советниците од владеачката коалиција, додека полицијата и обезбедувањето не им дозволија на опозициските советници да влезат во зградата на Градското собрание.

Полицијата брутално ги нападна и ги оттурна советниците, а дел од нив се повредени.

Инцидент пред градското собрание на Нови Сад: Граѓаните фрлаат јајца кон полицијата

Од полицијата им кажале дека се „безбедносен ризик“ и дека не можат да влезат на седницата на Градското собрание.

Претходно, граѓаните кои се собраа на протест пред Градското собрание на Нови Сад фрлаа јајца, црвена боја и тоалетна хартија кон полицијата и кон зградата.

Опозицијата изјави дека Жарко Миќин е „недостоен“ за градоначалничка функција и дека меѓу другото организирал „тепачи“ на СНС.

Извор на фотографија: Официјална „Фејсбук“’ страна на Жарко Миќин