Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Желба за изградба има, пари нема – министерката Божиновска за проектот Чебрен и Галиште

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Желба има, но пари нема. Проектот Чебрен и Галиште и по долги години сè уште е само на хартија. Иако најдобро е да го гради државата без партнер, буџетот тешко дека може да си го дозволи тоа вели министерката за енергетика, Сања Божиновска, затоа што, додаде таа, станува збор за проект кој би чинел над една милијарда евра.

Затоа се разгледуваат повеќе модели за изградба, но кој ќе биде најдобар сè уште нема одлука. Сепак, од министерството тврдат дека има инвеститори кои се заинтересирани за изградба на ова централа на Црна река.