Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Железничка несреќа во јужна Германија, најмалку 3 загинати повеќе повредени

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Регионален патнички воз излета од шините во близина на градот Ридлинген, во јужна Германија, при што загинаа најмалку три лица, а повеќе други се сериозно повредени, соопштија германските власти.

Несреќата се случила вчера околу 18:10 часот по локално време, а причините сè уште се истражуваат.

Во моментот на несреќата, околу 100 патници се наоѓале во возот, од кои најмалку два вагона излетале од шините во пошумено подрачје, околу 158 километри западно од Минхен.

Истражителите проверуваат дали невремето кое го зафати регионот пред несреќата имало улога во несреќата.

Жител од локалното население, фармерот Карл Фигел, изјави дека неговиот син слушнал „силна експлозија“ додека расчистувал по невремето.

„Тргнаа веднаш на местото. Видоа двајца мртви, може да се каже така – лежеле надвор од вагоните“, рече тој.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство до семејствата на жртвите преку објава на социјалната мрежа „X“.

Железничката компанија Дојче Бан соопшти дека соработува со истрагата и исто така изрази длабоко сочувство.