Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите го напуштаат Санторини исплашени од серијата земјотреси кој го погоди островот

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Расте вознемиреноста меѓу жителите на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот и серијата земјотреси кои го подигнаа нивото на тревога.

Голем дел од нив ноќта ја поминаа под отворено небо стравувајќи од силни земјотреси.

Голем број граѓани засолниште побараа во близина на болницата каде што се распоредени сили за итна интервенција во случај на вонредна состојба.

Други пак се собраа на стадионот Месарија и на отворени простори за да се чувствуваат побезбедно.

Стравот кој преовладуваше јасно се одрази доцна синоќа, кога нешто по 21 часот се формираа редици пред туристичките агенции.

Жителите на островот, исплашени од последователни земјотреси, побрзаа да резервираат билети за поаѓање, додека бродовите и авионите беа преполни.

Цените на авионските билети вртоглаво пораснаа, а последните седишта на релација Санторини – Атина достигнаа 200 евра, што уште повеќе го отежнува изборот за итно напуштање на островот.

Многумина од оние што бегаат стравуваат од цунами.

Меѓувреме, донесена е одлука училиштата денеска да останат затворени како мерка на претпазливост поради зголемена сеизмичка активност.