Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите на Техеран во страв претстојните нуклеарни разговори со САД

/

пред 227 дена

Сподели преку :

А додека Соединетите Американски Држави ја собираат својата најголема воена огнена моќ во последните децении на Блискиот Исток, Иранците со претпазливост ги очекуваат разговорите оваа недела во Женева, кои можеби ќе ѝ дадат на теократијата на нивната земја последна шанса да постигне договор со претседателот на САД Доналд Трамп.

-Не знам. Не сум толку оптимист. Бидејќи не е еднаква ситуација. Едната страна влезе во разговорите со многу моќ, има многу опрема. Од друга страна, Иран е во слаба позиција. Тие (Американците) сакаат целосно предавање, но мислам дека тоа не е одржливо. Сите се загрижени, поради последиците од војната со земја како Америка. Некогаш се боревме против Ирак осум години, но тоа беше земја на исто ниво со нас, но одењето во војна со Америка, Израел и НАТО  ќе има многу ужасни и непредвидливи последици. Затоа луѓето се загрижени, но што можеме да направиме. Не можеме да ја напуштиме нашата земја. Немаме друг  избор освен да се адаптираме, изјави жител на Техеран.