Германците го кажаа своето на изборите вчера, на ред се политичарите. Кои се комбинациите за идната влада на ЦДУ? А кои се решенијата за клучните предизвици: економија во рецесија, миграции, разнишано трансатлантско партнерство? Колку голем дел од политиките за поврзани со војната во Украина?
Во Топ Тема вечерва интервјуа со Борис Георгиевски, од Дојче Веле на македонски и Ѓорѓи Филипов.
- Убедлива победа на сестринската ЦДУ ЦСУ со речици 29 % од освоените гласови, водечкиот кандидат за канцелар Фридрих Мерц денеска веќе најави дека ќе започне преговори за формирање на нова коалиција. На второ место се пласираше Алтернатива за Германија АФД со освоени речиси 21% од гласовите, што е удвојување на резултатот на оваа партија од изборите од пред три години кога освоија нешто повеќе од 10%. На трето место заврши досега владејачката партија Социјал-демократите СПД предводена од досегашниот канцелар Олаф Шолц со историски ниски 16,4% од гласовите и понатаму следат Зелените, вториот партнер во претходната коалиција со помал резултата од претходните избори 11,6% од гласовите, а третиот партнер во т.н. Семафор коалиција, Либералите односно ФДП со 4,3% од гласовите воопшто не успеаја да влезат ни во Бундестагот, истакна Борис Георгиевски.
Според него, последната партија која што ќе има пратеници во Бундестагот е Левицата која што изненадувачки иако во текот на кампањата извонредно напредуваше но од прогнозираните пред почетокот на кампањата 3-4% успеа да стигне до речиси 9% од освоените гласови.
- Мора да се спомене дека синоќа до доцна се чекаше и денеска е на некој начин контроверзна тема, за партијата која не успеа да влезе во парламентот тоа е партијата на Сара Вагенкнехт, која освои 4,97% од гласовите и за 13.000 гласа не успеа да влезе во Бундестагот. Таа денеска најави дека ќе се жали на изборниот резултат и ќе бара судска разрешница и доколку оваа партија успее да влезе во парламентот тоа драматично ќе ги усложни и ќе ги искомплицира преговорите за нова влада, затоа што ќе одземе пратеници од првите две партии и ќе се намали мнозинството за формирање влада, рече Георгиевски.
Уредникот на Дојче веле потсети дека традиционално по изборите сите лидери на партии доаѓаат на дебата на првиот канал на државната телевизија.
- Се посакува посебно во ЦДУ и за Фрудрих Мерц дека преговорите ќе започнат со СПД со Социјал- демократите. Тие преговори нема да бидат лесни меѓутоа во моментов тоа е единствената опција за една широка коалиција. Треба да се потсети дека една таква коалиција во изминатите 20 години имаше дури четирипати и тоа сите беа во времето на Ангела Меркел ова ќе биде доколку се договорат партиите и петти пат да коалицираат меѓусебе. И целта е да се изолира АФД, нешто што беше најавено уште за време на кампањата и тоа беше потврдено од Мерц и од ЦДУ дека ќе се почитува тој најавен „ѕид“ кон АФД. А АФД сека сеуште се смета за опасност за демократијата, рече Георгиевски.
Топ Тема може да ја следите во живо на Фејбук каналот на Телма











