Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо) Стари возила горат во скопско Визбегово, нападнат снимател, повреден пожарникар- МВР го приведен сопственикот

/

пред 460 дена

Сподели преку :

Во пожарот во скопско Визбегово горат гуми, пластика, кабли и стари автомобили. Како што јавува нашиот репортер Огнен Чанчаревиќ се слушале и експлозии, најверојатно од плинските резервоари.

Противпожарните екипи со четири возила делуваат од терен , а ер трактор гасне од воздух. Направени се засеци со багери за да се спречи евентуално ширење на огнот кон околните куќи и паркираните автомобили.

Пожарот започна околу 8 часот, а во пожарна било пријавено неколку минути после девет.

Од ЦУК соопштија дека е повреден еден пожарникар.

ЦУК: 31 пожар пријавен до 7 часот, активни се седум низ земјава- започна 30-дневната кризна состојба

За време на снимањето беше нападнат еден медиумски работник, кој е пренесен во болница, а полицијата за кратко време го приведе напаѓачот.

Градоначалникот на Шуто оризари, Курто Дудуш, кој дојде на терен информираше дека фирмата АСД Метал Груп имала дозвола за работа до февруари 2025.

Огнен Чанчаревиќ се јави во живо во Вестите на Телма во 12.30

Од МВР информираат дека до овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош.
Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот.
– Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот, објави полицијата.