Пожарот во Јасен е под контрола, но теренот е тежок за гаснење. Огнот попладнево се приближи до објектите на јавното претпријатие, но по драматична битка која траеше околу половина час беа спасени.
Пожарот предизвикан од гром, попладнево беше сериозна закана за објектите на јавното претпријатие.
Екипа на Телма од утринава е во обиколка на опожарените подрачја, таму се Огнен Чанчаревиќ и снимателот Фахрудин Смаилагиќ.
Еве го вклучувањето во живо во Вестите на Телма во 15.30











