Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Живојно – клуч за стабилно домашно производство на струја

/

пред 515 дена

Сподели преку :

Во период на енергетска трансформација кон целосно зелено сценарио, АД ЕСМ интензивно работи на елиминирање на набавката на јаглен за потребите на РЕК Битола, каде што овој енергенс учествува со околу 50 отсто во производствената цена на електричната енергија.

Експлоатацијата на јаглен и во близина на Живојно, Битолско, кое се наоѓа во непосредна близина, двата постоечки рудници на најголемиот енергетски комплекс во Македонија, претставува единствено решение за потребите на Компанијата за комплетно покривање на потребите од овој енергенс од сопствено производство.

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Општина Новаци  организира јавна расправа за Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија кое е во функција на РЕК Битола.