Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Бране Петрушевски – ВМРО- ДПМНЕ, Бисера Костадиновска-Стојчевска – СДСМ и Сали Мурати – Коалиција Европски Фронт. Ќе предложат ли пратениците намалување на коефициентите за нивните и функционерските плати или во март ќе добијат поголеми плати?
Според пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, најпрво треба да се исполнат барањата на работниците.
- Пред некој ден читав изјава на министерот Дурмиши кој кажа дека е можно овој февруари да се случи она што се случи и минатиот односно повторно да се променат коефициентите. Сметам дека пред се треба да се исполнат барањата на работниците. Она што го бараат работниците 600 евра минимална плата треба да биде пред се политичка одлука која ќе се донесе затоа што инфлацијата и трошоците за живот одат нагоре – Костадиновска-Стојчевска.
Таа истакна дека СДСМ веќе во Собранието го поднесе едниот закон за зголемување на минималната плата, а ќе го поднесеме и другиот закон за замрзнување на функционерските плати.
Во текот на дебара Костадиновска-Стојчевска потсети дека СДСМ своевремено на малите и на средните претпријатија им даваше субвенции за да се покрие дел од придонесите.
Ставот дека треба да се договорат работните и работодавачите е навистина несериозен, рече таа.
Б.С.











