Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо)Македонија одбележува тригодишнина од зачленувањето во НАТО Алијансата

/

пред 1304 дена

Сподели преку :

Со показни вежби и свечености денеска во касарната Илинден ќе бидат одбележани три години од зачленувањето на Македонија во НАТО Алијансата.

По тој повод земјава денеска ќе биде надлетувана од сојузнички воздухоплови.

На 27 март 2020 година, земјава стана триесетта земја членка на НАТО пактот.

Определбата за евро-атлантско интегрирање датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

Претходно, во организација на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници ќе се одржи традиционалниот „НАТО појадок”, со учество на дипломатскиот кор, активност со која стартуваат Деновите на НАТО во државава, што ќе се одвиваат до 4 април.