Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо)Судењето за „Пулс“ е одложено: Обвинетите го немаат добиено интегрираното обвинение, велат адвокатите

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Второ рочиште за Пулс во судницата во Идризово е одложено, по обраќањето на одбраната. На денешното рочиште адвокатите го оспорија фактот дека до обвинетите не е доставено пречистено интегрирано обвинение, туку само до адвокати.

Поради ова рекоа дека потребно е време да го добијат и се запознаат па да се изјаснат дали ја прифаќаат вината.

Сметаат и дека има измени од првичното и го сметаат целосно ново.

Судот им дозволи да го добијат обвинетите па за тоа не ја продолжи расправата со изјаснување за вина.

Обвинителството се бранеше дека обвинението е јасно и не е променето суштински.

Денешното судење го следи Билјана Николовска, таа се јави во Вестите на Телма во 12:30