Четири лица загинаа во пожар во Бар. Меѓу жртвите има и малолетни лица. Засега не е утврдена причината за огнот што избувнал во ромската населба под ридот Волујица. Пожарите се честа појава во зимските месеци поради употребата на несоодветни материјали за изградба на монтажните куќи во овие населби коишто се опожаруваат лесно.











