Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зигмар Габриел предлага Канада да биде во ЕУ

/

пред 561 дена

Сподели преку :

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел предложи на Канада да и се понуди делумно членство во Европската унија.
„Можеби не во целост интегриран член како другите, но можеби делумно“, изјави социјалдемократот за бременскиот весник „Везер-Куриер“.
„Европа мора да се спротивстави на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја направи Канада дел од САД“, рече Габриел, кој беше министер за надворешни работи од 2017 до 2018 година и вицеканцелар од 2013 до 2018 година, кога Ангела Меркел беше канцелар.
„Во секој случај, Канада е поевропска од некои членки на Европската унија“, додаде тој.