Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

/

пред 413 дена

Сподели преку :

Македонскиот тим постигна голем успех на Европската јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025) што се одржа од 29 август до 4 септември во Шумен, Бугарија.

Владимир Грчев од Кочани освои златен медал, втор златен за Македонија во историјата на ова натпреварување, а Марко Кренков од Струмица се закити со бронзен медал.

Во тимот учествуваа и Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје, под менторство на Иван Занов и Петар Ковачовски, студенти на ФИНКИ.

Македонските учесници беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари организиран од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), со поддршка од ФИНКИ и неколку компании.

На натпреварот учествуваа 96 ученици од 22 европски земји, како и две земји-гости – Саудиска Арабија и Киргистан.

Главен организатор беше бугарското Министерство за образование и наука, а целта на настанот е поттикнување на интересот за информатика кај ученици до 15 години.

Претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов, изјави дека успехот е доказ за талентот, посветеноста и квалитетот на подготовката на македонските ученици.

Следниот предизвик за младите информатичари е Балканската олимпијада по информатика (БОИ 2025), која ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври во Удине, Италија.