Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зурабишвили не се откажува, тврди таа е единствената легитимна претседателка на Грузија

/

пред 660 дена

Сподели преку :

Во Грузија денеска беше инаугуриран Михаил Кавелашвили кандидатот на владејачката партија за претседател на државата, и покрај тоа што неговиот избор беше прогласен за „нелегитимен“ од лидерката во заминување и опозициските групи.

Екстремно десничарскиот поранешен фудбалер положи заклетва на парламентарна церемонија неколку моменти откако претседателката во заминување Саломе Зурабишвили вети дека ќе се бори против партијата Грузиски сон што го контролира Парламентот.

Зурабишвили изјави дека е „единствениот легитимен претседател на земјата“, одбивајќи да се повлече бидејќи нејзиниот мандат заврши денеска со инаугурацијата на спорниот наследник.

Останувам единствениот легитимен претседател. Ќе ја напуштам претседателската палата и ќе застанам со вас носејќи го со себе легитимитетот, знамето и вашата доверба, им рече таа на илјадниците про-ЕУ демонстранти.

Михаил Кавелашвили е поранешен фудбалер на Манчестер Сити, и се смета за сојузник на владејачката партија Грузиски сон.
Во моментот во Тбилиси има големи демонстрации против изборот на Кавелашвили за претседтаел на државата.