Македонските граѓани не веруваат дека Владата ќе попушти под бугарскиот притисок. Над половината од испитаниците сметаат дека целосно или делумно нема Владата да се согласи со се што ќе побара Бугарија.
Но има јаз меѓу ставот на Македонците и Албанците во земјава по ова прашање. Црвената линија е ставена кај Гоце Делчев. Но колку и двете страни и Бугарија и Македонија се грижеле за економските прашања , инфраструктурата и инвестициите?
Во Еуро Фокус објавуваме телефонска анкета за односите со Бугарија. Коментира Сашо Клековски политички аналитичар.
https://youtu.be/gM4MR7Lq28w











