Патот на Македонија кон Европската Унија пред сигурен старт. Како да се отстранат евентуалните блокади од соседството? Какви замки крие преговарачката рамка? Колку преговорите со ЕУ се во сенка на партиските агенди? Во Еврофокус дебатираат Бујар Османи од ДУИ, Бојан Маричиќ од СДСМ, Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ и Агон Ферати од Алијанса за Албанците и Алтернатива.











