Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Тетово порача дека виновникот за пожарот во модуларната болница покрај морална, мора да сноси и кривична одговорност. Тој потенцираше дека овие избори се шанса за промени и подобро утре. Носителот на советничката листа, Ангел Карапетров, пак истакна дека партијата има енергија, сила и визија како да му помогне на Тетово.











