Зијадин Села и кандидатите за пратеници од коалицијата „Сега е време“ ги посетија населените места во општина Желино. Пред жителите на општината кандидатите ја претставија својата изборна понуда и слушнаа за нивните секојдневни проблеми. Во својот говор пред жителите на Требош, Села, меѓу другото, ја спомена и состојбата во која се наоѓаат повеќето Албанци вработени во јавната администрација.











