Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Договорена соработка со приватните болници – стара “Систина” станува Ковид центар

/

пред 2141 дена

Сподели преку :

Нови 100 болнички легла се ставаат на располагање за ковид – болните. Поранешната болница Мала Богородица- Систина , или сега хотел Ибис станува ковид центар, трошоците за лекувањето на пациентите со корона ќе ги плаќа државата.

Во стариот објект на Систина, кој потоа стана хотел, ќе работат лекари и сестри од приватните болници.

Исто така на хируршките клиники неделава  ќе бидат отворени дополнителни кревети за ковид пациенти.

И сега , оние пациенти кои се оперирале и лежат на хирургија дококу се позитивни или се инфицирале во болница се лекуваат таму и не се препраќаат на инфективните одделенија.

Само во Скопје за едно деноноќие 35 луѓе завршија во болница поради компликации од корона вирусот.

По 10 на Инфективна и во 8-ми септември , другите се пратени на  интерните клиники.

А, оздравеле само девет пациенти . Близу 500 ти луѓе се лекуваат во ковид одделенијата во главниот град – а во земјава хоспитализирани се речиси 1300 луѓе позитивни на вирусот.

Теодора Цветковска