Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев: Договоривме два и пол милиони вакцини и тоа е повеќе од потребното

/

пред 2045 дена

Сподели преку :

Договорот со производителот „Фајзер“ е потпишан, дваесетина илјади дози ќе стигнат до крајот на март.

Ова е најновото ветување на властите во однос на долгоочекуваните пратки со кои би започнала масовната имунизација на населението.

Тоа што досега се уште чекаме да пристигнат вакцините од било кој производител, премиерот Заев одбива да го толкува како несериозност. Обезбедени се милиони дози и тоа е повеќе отколку што ни треба, тврди премиерот.

Моментално во тек е вакцинацијата на сите здравствени работници. Извакцинирана е првата линија – оние од КОВИД-центрите.

Вакциналниот план останува таков како што е подготвен и покрај постојаното одложување на пристигнувањето на дозите во земјава.

Од комитетот за имунизација ги имаат проектираните бројки на властите и очекуваат да ги наполнат фрижидерите веќе кон средината на пролетта.

Додека земјава секој ден очекува да пристигнат вакцините, веќе се соочуваме со нов бран.

Бројките на новозаразени се во голем пораст, а главен показател за тоа е извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 22 до 28 февруари – недела во која повеќе од 3600 потврдени случаи значи и пораст од 56 проценти во однос на претходната недела.

Петар Догов