Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пандемијата во тетовско драстично влошена

/

пред 2155 дена

Сподели преку :

Се влошува состојбата со пандемијата во тетовскиот регион. Бројките на новозаболени со ковид 19 секојдневно растат, а се исполнуваат и болничките капацитети.

На инфективното и на интерното одделение во Клиничката болница се хоспитализирани 41 пациент, кои се на кислородна поддршка, а се размислува за отворање на нов ковид оддел.

Само во текот на оваа недела имаше 378 нови случаи на ковид 19, со што бројот на активно болни достигна 890. Во текот на изминатите 6 дена починаа 12 лица, од кои дури 5 во понеделникот, а 4 смртни случаи беа регистрирани вчера. Во истиот период има само 83 оздравени пациенти.

Со оглед на тоа дека најголем процент од пациентите кои ја губат битката со ковид 19, се од постарата популација или, пак, имале предходни хронични заболувања, специјалистот по трудова медицина, доктор Илчо Ефкоски, смета дека враќањето на работа на хронично болните лица е погрешна одлука.

Еден од четворицата починати лица како последица од ковид 19 во текот на вчерашниот ден беше и 50-годишниот доктор Владимир Евтимовски,  радиолог во тетовската болница.

И тој беше во ризичната категорија граѓани, односно имаше хронични заболувања, но поради професијата беше во првите борбени линии за време на овој есенски бран.

Данијела Билбилоска