Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Само шестмина граѓани во изолација се пријавиле за гласање од дома

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

Тројца жители на Карпош, еден од Штип и двајца од Лозово се единствените граѓани во изолација кои до сега се пријавиле да го заокружат својот фаворит на гласачкото ливче од дома. Рокот истекува на задутре 8 јули на полноќ а интересот за гласање на болните од корона и нивните  контакти е мал. Според податоците на МВР заклучно со вчера 5.983 граѓани се во изолација а 71 во самоизолација.

Болните од Ковид-19 за да можат да гласаат треба да се испратат известување до општинската изборна комисија преку полномошник или на електронската пошта на општинската изборна комисија. Во документацијата треба да биде и решението за изолација или самозилација.

Избирачките одбори што ќе ги посетуваат домовите на граѓаните што се во изолација ќе ги сочинуваат по тројца здравствени рбаотници и четворица  претставници на политичките партии. ДИК избра 100 вакви посебни избирачки одбори.

Оние граѓани што ќе се заболат по 8 јули нема да можат да гласаат. Овие избори ќе се гласа три дена. Во понеделник на 13 јули први гласаат позитивните на корона и нивните контакти што се во самоизолација, следниот ден се затворниците, притоврениците, болните и изнемоштени а останатите граѓани гласаат на 15-ти јули со продолжено време до 21 часот.

Елена Ивановска Мукоска