Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словенија пред ковид-сценариото од Бергамо – секој втор тестиран во Загреб позитивен на Ковид-19

/

пред 1805 дена

Сподели преку :

Словенечкиот министер за здравство предупреди денеска дека земјата се соочува со кошмарно сценарио доколку не успееа да ја стави под контрола пандемијата Ковид-19. Болничките капацитети се преполни, изјави Јанез Поклукар, откако Словенија во последните 24 часа регистрираше над 3 000 новозаразени, најмногу од Јануари.

“Додека гледавме со страв во соседна Италија на почетокот на епидемијата, сега сме во пресвртен миг заради ниската стапка на вакцинација и лесно би можеле да го доживееме сценариото од Бергамо. Да, добро ме слушнавте. Толку е сериозна ситуацијата и тоа би бил крајот на нашиот здравствен систем, како што се случи во Бергамо” – вели Јанез Поклукар.

Стапката на вакцинација во Словенија изнесува околу 53%, а ниската стапка на имунизација е главната причина за подемот на пандемијата во речиси сите земји на Балканот, кои се соочуваат со пораст на бројот на заразени и смртни случаи.

Додека стапката на вакцинација во земјите од Европската Унија е над 70 проценти, во централна и источна Европа таа е најчесто и под 50 %. Во Хрватска денеска беа потврдени околу 4 500 нови случаи, а во Загреб секој втор тестиран бил позитивен на корона вирусот.

Во Србија, здраствените работници предупредуваат дека меѓу болните кои завршуваат на респиратори има се повеќе деца и бебиња, додека речиси еднонеделниот пик на пандемијата не покажува знаци на намалување.

Додека владата дозволува диско журки, свадби, крштевки и родендени на затворено, бројот на новозаразени со корона расте

Премиерката Брнабиќ засега не најавува нови мерки иако тоа упорно го бараат епидемиолозите.

“Ајде да ја имплементираме целосно оваа мерка која ја имаме. Значи, сето тоа да заживее. Сите да знаат како да го контролираат, сите да знаат како да ги почитуваат постоечките мерки. При тоа, ние одиме со строги, строги инспекции и за останатите мерки, како што се маските во затворено и маските на отворено, таму каде што е невозможно да се одржува растојание и конечно – вакцинацијата” – порача Брнабиќ.

Во земјата со околу 7 милиони жители, досега се регистрирани над 1,1 милион позитивни на корона вирусот од почетокот на пандемијата, додека над 10 000 луѓе го загубиле животот.

Никола Илиевски