Има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите, оценува министерот за здравство Венко Филипче. Состојбата будно се следи вели тој, не исклучува пораст на трендот на зголемување, но фокусот е на клучната одбрана – зголемување на вакцинацијата за што се разгледува и можноста од трета доза вакцини.











