Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема нови мерки, останува полицискиот час од 22 часот – од почетокот на април ќе почне масовната вакцинација

/

пред 2032 дена

Сподели преку :

Нема нови мерки, останува полицискиот час како и досега од 22 часот навечер до пет часот наутро, ова е заклучокот на комисијата за заразни болести.

Ако не се намалат бројките во понеделник, можни се нови рестриктивни мерки. Министерот Филипче рече дека Македонија е во третиот бран и дека за еден месец бројката на заразени се зголемила за пет илјади.

Валандово, Крушево, Кавадарци и Прилеп имаат значаен број хоспитализирани пациенти, но притисокот во Скопје е најголем и една од хируршките клиники ќе стане ковид центар.

Филипче рече дека вакцините доцнат но на крајот на овој и почетокот на наредниот месец се очекува да стигнат околу 100 илјади вакцини преку ковакс механизмот, а интензивно се разговара и со руски и кинески претставници.