Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиство во скопски Аеродром- жртва е 84-годишната мајка на уапсениот

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Од полицијата соопштија дека рано утрово е уапасен 62-годишен скопјанец од Аеродром поради сомнежи дека со нож ја убил својата мајка.

Убиството се случило околу 6:30 часот рано утрово, во домот на жртвата на ул.„23ти Октомври“ (поранешна Владимир Комаров). Убиството го пријавила сопругата на уапсениот и снаа на убиената.

Полицијата го издаде следното известување:

Денеска (16.10.2021) во 07.50 часот на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека околу 06.30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала“, информираат од МВР. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.