Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Каква е атмосферата во партиските штабови

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Од штабот на СДСМ се јавува Далиборка Демјанска Цветановска најавува прес конференција на владеачката партија во 20:15. Во партиското седиште се наоѓа партискиот лидер и премиер Зоран Заев, како и вицепремиерот Љупчо Николовски кој е задолжен за одржување на обраќањата кон јавноста.

Се уште е празно, но има веќе дојдено неколку министри и функционери на партија, како и членови од партискиот подмладок, известува Телма од штабот на СДСМ.

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Јулијана Пешевска јавува дека првата прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот Миле Лефков помина со партиска констатација дека имало прекршување на изборниот молк, злоупотреба на државни институции, поткуп и други прекршувања.

Лефков рече и дека допрва ќе се утврдува дали проблемот со фингерпринтовите влијаел врз изборните резултати.

Во штабот има партиски функционери, но и членови на партијата, а се уште е рано за првите партиски резултати, известува Телма од ВМРО-ДПМНЕ.