Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителот Милошески за Топ Тема: Сопственикот на “Беса Транс” се уште не е испитан во предистрагата на скопското Обвинителство

/

пред 1769 дена

Сподели преку :

“Предмет на предистражната постапка се првичните анализи,  па ќе дадеме видување што се случувало, колку пати автобусот ја преминал границата и со која документација. Дали и кога ќе го испрашаме сопственикот на “Беса Транс” , тоа е техничко прашање на истрагата, битно е да прибереме доволно докази и потоа испрашувањето на ова лице да биде во согласност со потребите на истрагата без разлика дали таа се води тука или во Бугарија” – изјави за Tоп Тема на Телма обвинителот Владимир Милошески кој ја води во скопското обвинителство предистрагата за “Беса Транс”.

На прашањето кој се ќе биде испрашан тој вели дека е прерано да се каже.

“Во моментов се прибираат материјални докази, лиценци, дозволи, постапување на правниот субјект и постапување односно дадените овластувања од државните институции  што се однесува до цариниците, дали се суспендирани тоа е работа на Царината а наша работа е да се види дали и зошто се суспендирани” -изјави Милошески за Топ тема на Телма.