Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсените полицајци и цариници осомничени за шверц на есктази таблети скриени во мобилни телефони?

/

пред 1747 дена

Сподели преку :

Цариници, полицајци и дилери на дрога се уапсени утрово во полициска акција која се одвива во Куманово и во Скопје. Според првичните инфромации уапсени се девет лица кои во моментов се на распит во полициски станици а некои веќе се донесени во Кривичниот суд.

Според информциите на Телма, акцијата на МВР е продолжение на акцијата во која беа запленети над еден тон екстази кои беа донесени во Македонија преку скопскиот аеродром. Пратката била следена уште од почетната дестинација а осомничените биле под посебни истражни мерки. Истрагата ја водеше Обвинителството за гонење на организиран криминал од каде што најавија повеќе детали во текот на денот.

Акцијата почна утрово во кумановското Диво Насеље каде што полициските тимови опколија и блокираа една куќа во која што беа дел од осомничените. Во претресот се запленети и наркотоци.

Истовремено акцијата продолжи и на неколку локации во Скопје каде што се апсеа осомничените царински и полициски службеници кои им помагале на дилерите со пратките дрога.

Практата со еден тон таблети беше окткриена на почетокот на минатиот месец, на влез во Скопје, а според неофицијалните информации била испратена од Дубаи, маскирана во контејнер со мобилни телефони и галантерија.

Огнен Чанчаревиќ