Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради можни тензии, обдукција на починатата родилка од Црнилиште наместо во институт вршена во селото- почина на 10-ти јануари, а денеска е извршена ексхумација

/

пред 1721 дена

Сподели преку :

Прилепското јавно обвинителство денеска издаде наредба за ексхумација на телото на 33-годишна родилка од селото Црнилиште, општина Долнени која починала на 10 јануари по породувањето во прилепската болница.

На лице место во селото тимот на Судска медицина од Скопје направи и обдукција. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата е на лице место за да се избегнат тензии.

-За да нема отпор и тензии меѓу населението на селото Црнилиште екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направија обдукција на лице место. Обвинителството реагираше по допрен глас, изјави Илиеска, а пренесува МИА.

33-годишната родилка на 10-ти јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но, веднаш по породувањето имала обилно крвавење, поради што починала. Истрагата треба да ги открие причините, а обвинителството ќе го чека наодот од обдукцијата на родилката почината пред една седмица.